Претвори идеа во реален производ
Изработуваме прецизни 3D делови, прототипи и персонализирани производи. Брзо, точно и со квалитет кој го чувствувате.
Наши услуги
Сè за 3D изработка
Од идеја до финален производ — под еден покрив.
3D Печатење
Функционални делови, прототипи, куќишта, адаптери и персонализирани производи со прецизност до 0.1мм. Прифаќаме STL, OBJ, STEP или само слика и мерки.
Дознај повеќе
3D Дизајн и моделирање
Немаш 3D фајл? Нема проблем. Изработуваме 3D модел од скица, слика или мерки. Подготовка за печатење со точни толеранции.
Дознај повеќе
3D Скенирање
Со професионални рачни 3D скенери го снимаме вашиот предмет и добиваме прецизен дигитален модел — за копирање, замена на дел, реверзен инженеринг или контрола на мери.
Дознај повеќе
Ново во работилницата
Нова голема машина за 3D печатење
Го проширивме капацитетот со нова машина со голем работен простор. Сега можеме да печатиме делови со големи димензии во едно парче — без лепење и спојување.
- Големи делови, макети и прототипи во едно парче
- Цврсти функционални делови за индустрија
- Повеќе делови одеднаш — побрзи серии
Наши работи
Резултатите зборуваат
Реални проекти изработени за наши клиенти — прецизно, брзо и со квалитет.
Едноставно и брзо
Како работиме
Од идеја до финален производ во четири чекори.
Прати барање
Опиши го проектот. Додај слика, мерки или STL/OBJ/STEP фајл ако имаш.
Добиваш понуда
Брзо добиваш препорака за материјал, точна цена и рок на изработка.
Изработка
Прецизна изработка слој по слој, со контрола на квалитет на секој чекор.
Подигање
Подигни лично во Скопје или договори испорака. Готово!
Зошто ние
Разликата е во деталите
Секој проект го третираме сериозно, без разлика на величина.
Прецизност
Точни димензии до 0.1мм со внимателна контрола на квалитет на секој производ.
Брза понуда
Одговор со цена и рок во рок од 24 часа, за речиси секој тип на проект.
Повеќе материјали
PLA, PETG, ABS, TPU/Flex — го избираме материјалот според намената на делот.
Поддршка
Помагаме и без 3D фајл — само пратете слика, скица или мерки на делот.
Видете ги вистинските мислења на нашите клиенти
Над 500 задоволни клиенти. Прочитајте ги нивните искуства на Google и одлучете сами.
Прочитај рецензии на GoogleИзбор на материјал
Материјали за 3D печатење
Го бираме материјалот според намената — изглед, издржливост, температура, влага.
PLA
Идеален за декоративни делови, прототипи и прецизни модели. Лесен за печатење, достапен во многу бои.
PETG
Издржлив, отпорен на влага и УВ. Одличен за функционални делови со умерено оптоварување.
ABS
Температурно отпорен и цврст. За делови изложени на топлина или механички стрес.
TPU / Флекс
Флексибилен и еластичен. За гумени делови, заштитни покривки и амортизери.
Одговори